Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот селектор Благоја Милевски вечерва приреди чудо заедно со своите момци и ја победи Италија во Палермо со 1-0 со голот на Александар Трајковски во 93. Минута.
„Македонија е мала држава, но со големо срце и силен менталитет. Овие момци тоа најдобро го покажаа вечерва. Што можам да кажам после една ваква победа – задоволство е да се работи со вакви момци. Голема благодарност до сите. Благодарам и на роденденските честитки, а оваа победа е најголемиот роденденски подарок. Ме радува што Трајковски кој е тука како дома го постигна победничкиот гол“, изјави Милевски.
Натпреварот помеѓу Португалија и Италија се игра на 29-ти во Порто.
Фото: ФФМ