Милевски: Македонија не е велесила, тоа што ни се случи со Англија е добро зашто нè спушти на земја!

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски кажа дека треба да се погледне реалната слика за тоа во каква состојба ни се наоѓа фудбалот.

Македонија не се прослави на последните настапи, а притоа доживеа и пораз од 0-7 против Англија.

Милевски смета дека поразот од „Гордиот Албион“ не бил лош затоа што нè спуштил на земја и ни ја покажал реалноста.

„Да не се лажеме. Македонија не е велесила. Тоа е реалноста. Супер ни се очекувањата, но реалноста е поинаква. Македонија може да биде добра само ако функционира како тим и наша должност е сите да се ставиме во функција на тимот. Факт е дека постојано ни недостигале важни фудбалери, но изборот е тој и тоа е реалноста“, вели Милевски.