Милевски пред Украина: Овој натпревар ќе биде различен од тој во Скопје!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонија утре од 15 часот ќе се соочи против Украина во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

На првиот натпревар Македонија прокоцка водство од 2-0 и загуби со 2-3 од Украина, а селекторот Благоја Милевски најави дека сега нè очекува поразличен меч.

„Утрешниот натпревар ќе биде комплетно различен од тој во Скопје. Дојдовме во ситуација во која на двете селекции им одговара само победа. Очекувам еден отворен меч од двете страни. Македонија треба да биде фокусирана во текот на сите 90 минути, а не како што се случи на првиот дуел во Скопје“, кажа селекторот.