Милевски: Мора да сме горди на момците, овој пораз треба да нè мотивира!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија не си го оствари сонот и нема да заигра на Мундијалот во Катар, откако загуби од Португалија со 0-2 во Порто на „Драгао“.

Португалците ни ги казнија грешките, а ние не успеавме да одговориме соодветно во нападот и на крајот мораше да се збогуваме.

„Треба да бидеме горди на овие момци, посебно за резултатите од септември до денеска. Јас сум задоволен, но жал ми е што примивме голови кога доминиравме. Мислам дека бевме достоен ривал. Овој пораз треба да нè мотивира“, вели Милевски.