Милик објасни зошто избра дрес со број 14 во Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик се врати во италијанската Серија А, каде што во следнат сезона ќе го носи дресот на Јувентус како позајмен фудбалер.

Јувентус долго време бараше решение за нападот, а откако пропаднаа нивните обиди да го купат Мемфис Депај од Барселона, раководството се реши за Милик кој има искуство во калчолигата.

„Возбуден сум што доаѓам во Италија. Потпишав за врвен тим, многу сум среќен што се вратив во Италија. Поминав четири години во клубот и навистина сум среќен. Го избрав дресот со број 14 затоа што другите беа зафатени, но и поради тоа што еден од моите идоли, Тјери Анри го носеше тој број“, кажа Милик.