Милик потпиша за Наполи и го собори рекордот на Шнајдер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Наполи во вечерните часови доби големо засилуваање за наредната сезона.

Нов фудбалер за клубот од Неапол е полскиот репрезентативец Аркадијуш Милик, кој потпиша договор на пет години.

Иако тоа официјално не е потврдено, се претпоставува дека Наполи за Милик плати 30 милиони евра оштета, што е рекорден износ во историјата на овој холандски гигант.

Досегашен рекордер беше Шнајдер, кој во Реал премина за 27 милиони евра. Милик во минатите две сезони одигра 75 официјални натпревари за Ајакс а постигна 45 голови.

Посебно на себе привлече внимание со одличните партии на ЕП одржано во ова лето во Франција.