Милинковиќ-Савиќ се враќа во Серија А за да го засили Јувентус?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ лани доби понуда од Саудиска Арабија и без многу размислување потпиша за Ал-Хилал.

Милинковиќ-Савиќ, сепак, по една година помината во С. Арабија сака да се врати во Европа и да заигра во Серија А каде што претходно го носеше дресот на Лацио.

Италијанските медиуми пишуваат дека српскиот интернационалец во јуни ќе потпише договор со Јувентус и така ќе го засили поранешниот освојувач на Скудетото.