Милионите му го „поматија умот“: Мирниот Енцо штрајкува во Бенфика поради Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Енцо Фернандез се обидува да обезбеди трансфер во Челси, откако уште во средата ги договори условите со премиерлигашот, но Бенфика не попушта во преговорите.

Бенфика сака да добие 120 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула, а Челси е подготвен да ја плати таа сума, но не наеднаш.

Фернандез денеска бил во тренингот-центарот на Бенфика, каде што разговарал со Руи Коста кој мора да даде „зелено светло“ за трансферот на Аргентинецот.

Челси сака да плати дури 127 милиони евра за Аргентинецот, но сакаат да ги исплатат парите на три години и тоа не ѝ одговара на Бенфика.