Милионите се подготвени: Икарди прави трансфер на кариерата!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди има понуди од Реал Мадрид, Наполи и Јувентус, а засега најблиску до договор е со шпанскиот гигант, кој веќе долго време се поврзува со негов трансфер.

Раководството на Реал Мадрид утрово одржа состанок, кој беше важен за клубот, зашто на него беше соопштено дека тренерот Зинедин Зидан ќе добие 500 милиони евра за трансфери.

Уште една од темите за кои, наводно, се разговарало бил Икарди, кој би можел кариерата да ја продолжи кај „кралевите“ и конечно да расчисти со Интер.

Икарди повеќе од два месеци не игра за „нераѕурите“, откако му беше одземена капитенската лента, а потоа се поврзуваше постојано со заминување од клубот.

Реал претходно ја контактирал неговата сопруга Ванда Нара за трансферот, а наводно „кралевите“ понудиле најдобри услови од сите заинтересирани страни и денес тоа би можело многу да значи.

Ако Икарди потпише за Реал, јасно е дека клубот ќе го напушти францускиот напаѓач Карим Бензема, но тој ќе биде само еден во низата на фудбалери, кои ќе заминат.

Да потсетиме „Л’Екип“ утрово објави дека Зидан на располагање летово ќе има дури 500 милиони евра за засилувања, а потоа се споменуваа имињата на Еден Азар и Килијан Мбапе, како и Нејмар, меѓу другите, со преселба во Мадрид.