Милнер со пцовка го „поздрави“ вечниот ривал на Ливерпул!

Ливерпул конечно го крена трофејот во Премиерлигата, по пауза од три децении. Иако немаше навивачи на „Енфилд“, сепак организаторите направија спектакуларна прослава.

Церемонијата при доделување на трофејот ја одбележа и навреда на Џејмс Милнер, кој удри по вечниот ривал Манчестер јунајтед.

Џиџи Вајналдум му кажа на Милнер какво е чувството да се освои трофејот, по што следеше навредата од искусниот фудбалер.