Министерот Борко Ристовски најави реформи во македонскиот спорт


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот македонски ракометен голман Борко Ристовски во моментов ја извршува улогата на министер за спорт и на денешната прес-конференција промовираше нов начин на финансирање на спортот во државата.

Ристовски најави сериозни реформи во македонскиот спорт во следниот период.

„Прво ќе се направат законски измени за да се спречат злоупотребите во спортот. Второ ќе се постават приоритети кои ќе бидат повеќе финансирани од државата. Тие се 4-те федерации со најголеми спортски успеси, поделба на спортовите на олимписки и неолимписки и поттикнување онаму кадешто има најголем потенцијал за медали од меѓународни натпреварувања. Веќе следната недела ќе биде објавен првиот јавен повик за финансирање на врвен спорт, на којшто ќе можат да аплицираат сите што се натпреваруваат во Европа. Најпрво ќе објавиме повик за финансирање на врвен спорт. Тоа значи сите оние екипи и федерации кои се натпреваруваат во Европа, веќе во понеделник или вторник ќе објавиме јавен повик на кој ќе можат да се пријават, да партиципираат. И Министерството за спорт, за таа цел одвои 85 или 84 милиони денари“, кажа Ристовски.