Мино Раиола доби забрана за трансфери, виси трансферот на Погба во Реал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мино Раиола заработи тримесечен трансфер бан од Италијанската фудбалска федерација, а од ФИФА само ја прифатија сугестијата од Италијанците и ја проширија забраната не само на ниво на Италија туку и на целиот свет.

Раиола нема да смее да реализира трансфери на неговите клиенти до 9 август, еден ден откако ќе заврши трансфер периодот во Англија.

Тоа значи дека Манчестер Јунајтед веќе ќе треба да има обезбедено соодветна замена за францускиот фудбалер за да може да го пушти да замине во редовите на Јувентус кога нема да може да купуваат играчи.