Мињоле конечно заминува, нов голман стигнува на „Енфилд“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Медиумите во Турција пренесуваат дека Ливерпул притискал за ангажман на првиот голман на Трабзонспор, Угурчан Чакир.

Тоа значи дека конечно ќе дојде крај на кошмарот на Симон Мињоле кој воопшто не добиваше шанса од Јирген Клоп, најмногу поради брилијантните настапи на Алисон Бекер.

Инаку, Чакир е 23 годишен турски голман кој мина одлична сезона во турската Суперлига и со тоа го привлече вниманието и на Лил и Шалке кои ќе му бидат конкуренти на Ливерпул за потписот на голманот.