Миовски е незапирлив – го постигна 14. гол за Абердин во шкотската лига


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја продолжи голгетерската форма во дресот на Абердин и погоди во победата од 2-1 против Рос Каунти.

Миовски постигна гол во петтата минута за предност од 1-0 на Абердин, по што гостите израмнија преку Мареј, но МекГрет во 79. минута стрелаше за 2-1 за домаќините.

Абердин во моментов се наоѓа на деветтото место со 33 бодови, додека овој гол на Миовски беше 14. во шкотскиот шампионат.