Миовски се сели во Жирона, Абердин ќе добие еден куп пари

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски ќе го облече дресот на Жирона, откако реши да замине од Абердин.

Новинарот Фабрицио Романо го потврди трансферот и најави дека Македонецот ќе се пресели во Шпанија.

Абердин ќе добие осум милиони евра за услугите на Миовски, кој сакал да игра во Лигата на шампиони и поради тоа ја избрал Жирона.