Миралем Пјаниќ е спремен за Атлетико Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус оваа сезона најверојатно е еден од најголемите фаворити за освојување на Лигата на Шампионите.

Во Торино овој трофеј го чекаат веќе подолго време и очигледно е дека оваа сезона максимално се вложени за ова натпреварување. Јувентус својата авантура во Лигата на Шампионите ја започнува утре кога ќе го одигра натпреварот на гостински терен во Атлетико Мадрид.

Старата Дама минатата година го елиминираше Атлетико во осмина финалето и засега е сигурно дека пред нас ќе бидат „жешки“ дуели. Играчите на Јувентус утринава го одржаа својот последен тренинг пред да тргнат на пат кон Мадрид, а она што се дозна е дека Миралем Пјаниќ бил дел од тој тренинг.

Босанскиот везен се повреди на натпреварот против Фиорентина, но во сета несреќа доброто е тоа што повредата е од полесна природа. Пјаниќ тренираше со полна пареа со останатиот дел од тимот и се очекува утре да заигра уште од првата минута.

Пјаниќ на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од тренингот кој се одржа ова утро и извести дека со него се е во најдобар ред. Да се потсетиме, утрешниот меч помеѓу Атлетико и Јувентус се игра во 21:00 часот!