Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ и Јуве спремаат интересен бизнис.
Миралем Пјаниќ најверојатно кариерата ќе ја продолжи во редовите на францускиот првак ПСЖ.
Како што тврди медиумот Gazzetta dello Sport, Јувентус и ПСЖ се договараат на размена на фудбалери во која главна улога ќе имаат босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ и Бразилецот Маркињос.
Маркињос во овој случај би станал член на Старата Дама, а за него ПСЖ го бара Пјаниќ. Јуве е спремен на договор, но бараат додатни 20 милиони евра.
Бразилецот според пишувањата на Gazzetta веќе одговорил позитивно на овој трансфер. Спремен е да го облечи дресот на Јуве, а сево ова е наводно многу блиску до реализација.
Сепак, треба да се почека конечниот договор, не постои голема можност Пјаниќ од наредната сезона да го гледаме на Паркот на Принцевите.