„Мирор“: Последното интервју на Мбапе е лоша вест за ПСЖ и „зелено светло“ за Реал Мадрид


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Британскиот медиум „Мирор“ пишува за сензационален трансфер следното лето во кое ќе биде вклучен францускиот напаѓач Килијан Мбапе и кој треба да го засили Реал Мадрид целосно бесплатно бидејќи му завршува договорот со ПСЖ.

Шпанскиот гигант се обиде да го купи 22-годишниот Французин минатото лето, но не успеа да го убеди ПСЖ ниту со 200 милиони евра, по што Флорентино Перез кажа дека клубовите не смеат да ги запираат ваквите трансфери.

Реал Мадрид не се откажува од потписот на Мбапе, кој има договор со ПСЖ до крајот на сезонава, по што следното лето би можел бесплатно да ги засили „кралевите“.

Мбапе постигна 100 гола во Лига 1 откако пристигна во ПСЖ од Монако во 2017 година и им помогна да играат во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) во 2020 година.

„Човечките врски се посилни од парите. Животот е непредвидлив, тој вреди многу повеќе од парите. Сакам да откривам нови работи, да патувам, да запознавам нови фудбалери, различни култури…“, кажа Мбапе во последното интервју.