Мисијата на Макрон и Мбапе за нов тренер на ПСЖ пропадна!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Со денови се шпекулираше за тоа кој ќе го замени Маурицио Покетино на клупата на ПСЖ, а изборот наводно паднал врз Зинедин Зидан, но сепак планот на парижаните не им успеа.

Францускиот претседател Емануел Макрон беше среќен да го види Зидан во Париз, а сличен став делеше и талентираниот напаѓач Килијан Мбапе, но планот пропадна.

Агентот на Французинот, Алан Миљачо за „Л’Екип“ кажа дека не постојат преговори и Зидан нема да го преземе ПСЖ.

„Овие шпекулации кои се појавија дека имаме договор со ПСЖ немаат основа. Ниту Зидан, ниту јас не сум бил контактиран од Париз“, кажа Миљачо.

Зидан долго време е без работа, откако претходно се прослави со Реал Мадрид.