Мисијата против Гибралтар е јасна: Победа и ништо друго!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија го почна новиот циклус натпревари во Лигата на нации со реми против Бугарија во Разград (1-1), па сега има шанса да го поправи впечатокот на дуелот против Гибралтар.

Сомнеж за квалитетот на Македонија нема, па затоа ќе биде и фаворит против најслабата селекција во групата, иако не смееме никого да потцениме, па освојување на три бода против аутсајдерот ќе ни помогнат во битката за првата позиција во групата.

„Не смееме никого да потцениме, а и никогаш не сме направиле такво нешто. иако имаме проблеми, сепак на теренот ќе излезат најподготвените и нема да експериментираме на теренот. Секој натпревар за нас е посебен и мора максимално сериозно да влеземе во мечот за да ја оствариме мисијата и да победиме“, кажа селекторот Благоја Милевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Гибралтар се игра од 18 часот.