„Мислам дека Ливерпул ќе остане без титулата поради кикс во еден натпревар“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс е воодушевен од настапите на Манчестер сити и Ливерпул, но смета дека „црвените“ ќе останат без титулата.

Ливерпул е екипа, која прими најмалку голови сезонава (20), а имаат и втор најдобар напад во лигата, но само на две кола до крајот и одличната форма на „граѓаните“, тие имаат и негатива од еден бод зад нив.

„Ќе биде тешко, а нема да ми биде жал за ниту еден од нив. Нема да бидам ниту среќен. Мислам дека најголема грешка на Ливерпул беше тоа што пропуштија да го победат Јунајтед на ‘Олд Трафорд’. Иронично е, но мислам дека Ливерпул ќе остане без титулата токму поради киксот против Јунајтед“, објаснува Сколс.