„Мислам дека Македонија е посакуван противник за отворање на ЕП, тоа е важен меч за нас!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јулијан Баумгартлингер кој е капитен на австриската репрезентација кажа дека Македонија за него е посакуван противник за прв меч на едно големо натпреварување.

Македонија ќе го отвори Европското првенство во Букурешт на 13 јуни против Австрија и тоа ќе биде прв настап за нашите фудбалери на големото натпреварување.

„Многу е важно како ќе го отвориме турнирот. Мислам дека Македонија е посакуван противник на отварањето. Тој натпревар ќе биде многу важен за нас, ако го ‘скршиме мразот’ порано ќе ни биде полесно“, вели фудбалерот на Баер Леверкузен.

Баумгартлингер смета дека нема да имаат големи проблеми за да се пласираат во нокаут-фазата.

„Голем оптимист сум и мислам дека ќе поминеме, имаме тим кој е гладен за успех. Првиот чекор секако е да обезбедиме осминафинале. Мораме да имаме некоја стартна точка, ако не успееме подобро да не одиме таму“, смета Баумгартлингер.