Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите во Лигата на шампиони (ЛШ), па повторно доби големо признание од Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Митревски имаше одличен настап во мечот на Порто и Фленсбург во Германија, па запиша 14 интервенции на голот на португалскиот гигант и тоа беше доволно за да биде избран во идеалниот тим на колото.
Освен Митревски на голот, во екипата беа избрани и Давид Мандиќ, Петар Ненадиќ, Феликс Клар, Харалд Рајнкинд, Штајнхаузер и Мамду.
Македонскиот голман има и една од најдобрите одбрани за претходното коло, па така доби двојно признание од ЕХФ. Интервенцијата може да ја погледнете ТУКА.