Митревски ја има втората најдобра интервенција во ЛШ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски беше еден од најзаслужните за победата на Порто против Целје.

Митревски имаше 14 одбрани, а една од нив беше неверојатна и избрана во топ-5 интервенции во колот од Лигата на шампиони (ЛШ).

Ракометарите на Целје сакаа со цепелин да го измамат Митревски, но македонскиот голман го прочита тоа и запиша важна одбрана.

Најдобрите пет одбрани на колото во елитното ракометно натпреварување може да се погледнат ТУКА.