Митревски номиниран за голман на сезоната во ЛШ (Видео)

Македонскиот голман Никола Митревски сезонава импресионираше со настапите за Порто во Лигата на шампиони (ЛШ), па заслужено беше номиниран за чувар на мрежата за сезоната 2021/22.

Митревски имаше одлична сезона на мрежата на Порто, па беше номиниран заедно со Никлас Ландин, Бенјамин Буриќ, Андреас Волф, Гонзало Перез де Варгас и Родриго Коралес.