„Митровиќ е копија на Панчев, ако играме заедно ќе дава многу голови!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот фудбалер Александар Митровиќ постигна два гола во победата на Србија од 4-1 против Луксембург и така ѝ помогна на екипата да освои важни бодови во битката за пласман на Светското првенство (СП) во Катар.

Легендата на српскиот фудбал Драган Стојковиќ – Пикси го спореди српскиот напаѓач со поранешниот македонски фудбалер Дарко Панчев, кој ја доби „Златната копачка“ во 1991 година.

„Митровиќ е копија на Панчев. Има неверојатно чувство за топката, а такви работи се очекуваат од напаѓачи. Не знам дали некој можеше да помисли дека нема да даде гол. Изгледа му одговарам како селектор, а мислам дека би си одговарале и како соиграчи“, вели Пикси.