Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Женската ракометна репрезентација на Македонија одигра нерешено 25-25 против Турција во рамките на второто коло од Европското првенство, кое се одржува во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
Една од клучните фигури во овој меч беше голманката Јована Мицевска, која со своите седум одбрани, вклучувајќи и фантастичната интервенција во последната секунда, беше пресудна за конечниот резултат.
Нејзината херојска интервенција беше истакната и во топ 5 најдобрите моменти на денот на шампионатот, што ја потврдува важноста на нејзината улога за тимот.