Млад фудбалер на Астон вила го размени дресот со Фабињо, па трчаше да си го земе назад 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Астон вила играше со младинци против Ливерпул во ФА-купот, откако најголем дел од фудбалерите од првиот тим се заразени со ковид-19, па мораа да заминат во карантин.

Астон вила загуби со 1-4, а натпреварот кој ќе го памети долго време е 17-годишното момче Луис Бери, кој постигна гол против англискиот шампионот.

По натпреварот тој си го размени дресот со Фабињо, но потоа доби совет од едно лице во стручниот штаб и почна да трча по ривалот за да си го врати дресот, зашто тоа е неговиот дрес од дебито за Астон вила.