Млад фудбалер сакаше да се пофали со својот тренинг, но се посрамоти за сите пари (ВИДЕО)


Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓


Младиот напаѓач на Астон Вила, Рушан Хепбрн-Марфи сакаше да се пофал со неговиот тренинг. Тој ја намести камерата, ја зема топката, па дури ја соблече и маичката.

21-годишниот фудбалер излезе во дворот на неговата куќа за да се сними и да им покаже на сите како тренира со топката во време на пандемијата на коронавирусот.

Сакаше да покаже и дел од своите вештини, но заврши многу лошо. Првпат топката ја одби од ѕидот на својата куќа, но потоа го погоди прозорецот и го скрши стаклото.

Ништо друго не му преостана освен да се фати за глава и да си најде мајстор, кој ќе му ја поправи штетата.