МЛАД ФУДБАЛЕР УДРИ ГЛАВА ВО ЅИД НА ТРИБИНА, ПА ПОЧИНА

Аслан Џана, шеснаесетгодишен фудбалер на екипата Виронас од Кавала, почина во вторник откако два дена претходно се здоби со тешка повреда за време на натпревар на островот Тасос.

Младиот фудбалер настапуваше за резервниот тим на Виронас во меч против Ајантас Панагијас Прину, а несреќата се случи практично на почетокот на натпреварот, веќе во втората минута.

Во борбата за топката, 16-годишникот излезе надвор од теренот и со задниот дел на главата удри во ѕидот на трибината. Веднаш изгуби свест, а медицинскиот тим на стадионот му даде прва помош. Мечот беше прекинат по инцидентот.