Млад фудбалер загина во земјотресот во Турција

Голманот на аматерскиот клуб Дерик Спорт, Мухамед Сејид Орхан го загубил животот во земјотресот во Турција.

Турскиот фудбалски сојуз објави порака на социјалните мрежи и ја потврди информацијата за загубата.

„Нека Бог се смилува на Орхан. Наше сочувство до семејството, роднините и клубот Дерик Спор“, велат од турскиот фудбалски сојуз.