Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ливерпул во моментов е лидер во Премиерлигата со убедливи 76 бодови, односно дури 22 повеќе од Манчестер сити.
Младиот навивач на Манчестер јунајтед, Дара Карли го замолил тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп да престане тимот да победува.
„Ливерпул победува премногу. Ако триумфирате на уште девет меча, ќе ја имате најдолгата серија во англискиот фудбал. Со оглед на тоа дека сум навивач на Јунајтед, тоа ме прави тажен. Ве молам загубете го следниот меч. само треба да дозволите вашиот противник да постигне гол“, напиша детето.
На изненадување на неговите родители, одговор од „Енфилд“ стигна многу брзо.
„За жал, не можам да ја исполнам твојата желба. Без разлика колку сакаш да загуби Ливерпул, моја работа е да се потрудам да победуваме“, вели Клоп.
Jürgen Klopp received a letter from this 10-year-old Manchester United fan asking them to stop winning games.
— FourFourTweet (@FourFourTweet) February 20, 2020
Here's how the Liverpool manager responded ?? pic.twitter.com/nJxSGzuYpr