Млад српски одбојкар се удави во Дрина


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Младиот српски одбојкар Александар Заварош трагично го загуби животот во саботата, откако се удавил во реката Дрина.

Во близина на општината Бајина Башта, Заварош пливал во реката и поради засега не утврдени детали се удавил во Дрина.

Од одбојкарскиот сојуз на Војводина соопштија дека се шокирани од информацијата за младиот одбојкар.

Заварош настапувал во одбојкарскиот клуб Кулпин за кој настапувал уште од 11 година, а клубот донел одлука на неговиот роденден да се организира турнир.