Младиот дијамант го сака пола Европа: Го нарекуваат новиот Педри, еве колку чини


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кес Смит (роден 2006 година во Хеило) го доживува највозбудливиот период од неговата кариера. Со 18 години дебитираше за првиот тим на АЗ Алкмаар, со 19 години го освои Европското првенство У-19 и стана незаменлив член на првата постава, а со 20 години би можел да обезбеди трансфер вреден неверојатни 60 милиони евра во некој од европските гиганти, пишува шпанскиот АС.

Неговото име во последните месеци се поврзува сè почесто со клубови како Реал Мадрид, Барселона, Њукасл, Баерн и Челси, што не е ништо случајно. Смит смета за еден од најперспективните млади играчи денес, а вниманието го привлече со фантастичните настапи на споменатиот ЕУРО У-19, каде што ја одведе Холандија до титулата како најдобар играч на турнирот, постигнувајќи четири гола во пет натпревари.

И самиот е свесен за интересот и признава дека сака да направи чекор напред. “Сакам да стигнам до врвот што побрзо. Понекогаш разговарам за тоа дома. Не секогаш, секако. Но, знам дека сакам да имам добра сезона со АЗ и потоа да видам што ќе се случи. Чекорот не мора да биде следната година”, изјави неодамна со цел да ја смири ситуацијата.

АЗ Алкмаар е познат како клуб што развива и продава играчи, но во овој случај ги држи сите карти во свои раце затоа што Смит има цврст договор до 2028 година. Поради тоа, не им се брза продавањето, а како што објави The Athletic, холандскиот клуб за својот дијамант бара околу 60 милиони евра.