Младиот напаѓач на Порто доби нов договор и најголема откупна клаузула во историјата на португалскиот фудбал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фабио Силва потпиша нов договор со Порто и сега ја има најголемата откупна клаузула во историјата на португалскиот фудбал, пренесува Рекорд.

Веста дека талентираниот 17 годишен играч ја продолжи соработката со Порто ја соопшти претседателот на клубот Пинто де Коста за време на свечената манифестација на која младиот Силва доби награда за „откритие на годината“.

„Откритие на годината, Фабио Силва, момчето кое на 16 години веќе ја има освоено европската, беше државен првак. Веќе се прослави во Порто, а на своите 17 години стана најмладиот игач во редовите на Порто кој има постигнато гол на официјален натпревар. Тој не е првиот кој има постигнато гол на 17 години, тој е петти, но најмлад… И покрај тоа што е толку млад тој чуствува дека припаѓа на Порто и инсистираше да го продолжи договорот  со клубот пред да ја прими наградата“, изјави Пинто де Коста.

Рекорд тврди дека со новиот договор Фабио Силва има добиено откупна клаузула од 125 милиони евра.

Очигледно е дека во Порто имаат големи планови за младиот напаѓач кој оваа сезона има одиграно 10 натпревари со првата постава на овој тим, а има постигнато и два погодоци.

Договорот на младиот Силва со Порто пред продолжувањето важеше до 2022. година, а за сега нема официјални информации на колкав период е продолжен истиот.