Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голема бројка на навивачи не сакаа да го гледаат Манчестер Јунајтед против Астана.
Јунајтед вчера дојде до победа и со резултат од 1:0 ја совлада Астана на отварањето на Лига Европа, а овој натпревар не беше во голема бројка следен од фановите на Јунајтед на Олд Трафорд.
Некои од фотографиите на стадионот укажуваат дека бројот на празни столчиња е огромен.
Сигурно и самиот ривал од Казахстан не е доволно атрактивен и привлечен за навивачите на најтрофејниот англиски клуб, но и Манчестер не е во најдобра форма, но тоа никогаш не било причина за Црвените Ѓаволи да не го наполнат Олд Трафорд.
Официјално на стадионот имало 50.783 гледачи , што е за 8.000 повеќе од изминатата најслаба посета на натпревар на Јунајтед во Лига Европа.