Модриќ ја запозна мрачната страна на Алегри


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Масимилијано Алегри никогаш не бил тренер кој ласка на играчите. Кај него нема попуштање, нема “лесни денови” и нема привилегии, без разлика на името, статусот или цената на пазарот. Алегри останува тренер од старата школа: строг, бара многу и бескомпромисен, што често не им одговара на играчите.

Италијанецот никогаш не криел дека дисциплината му е поважна од талентот. “Подобро е да имаш просечен играч кој слуша, отколку врвен што смета дека е над тимот” е пораката која го следи низ целата негова кариера. Во Јувентус тоа особено дојде до израз: ѕвездите мораа да работат исто како и резервистите, а секое паѓање на концентрацијата брзо се санкционираше.

Импресијата е дека Алегри ги освоил своите трофеи токму затоа што имал ‘воини’ во тимот и што ги третирал своите фудбалери како војници. Таков е Лука Модриќ во текот на целата своја кариера, но многу други не се такви.

Тоа што сепак можеби не му одговара на Модриќ се потезите кои тврдоглавиот Алегри понекогаш ги презема. Така сега одлучи Лука Модриќ да биде на клупа за вечерниот дерби со Наполи во Суперкупот на Италија.