Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Лука Модриќ во понеделникот одигра уште еден маестрален натпревар во дресот на Хрватска, во вторник се појави на судењето за Здравко Мамиќ како сведок, а во среда во Загреб требаше да обави лекарски преглед пред потпишување за Милан. Сепак, лекарскиот преглед изостана.
Оваа недела е исклучително бурна за Модриќ. Терени, судење, лекарски преглед, потпис. Така беше планирано, но тоа не се оствари до самиот крај.
Легендарниот Хрват по 13 години го напушта Реал Мадрид. На масата има многу понуди и без оглед на тоа што за неколку месеци влегува во петтата деценија може да избере каде ќе игра.
Изминативе денови преговорите со Милан беа прилично интензивирани и се чинеше дека сè е завршено. Меѓутоа, во последен момент играчот од средниот ред одлучи да ги промени плановите.
Во четвртокот наутро италијанските медиуми ја објавија веста дека пропадна лекарскиот преглед договорен помеѓу Милан и Модриќ.
Модриќ им објасни на претставниците од Милан дека уште не може да ги заврши лекарски преглед бидејќи е член на Реал Мадрид и од почит кон Кралевите тоа не може да го направи.
Според пишувањата на медиумите од Апенините, договорот меѓу Милан и Модриќ не е пропаднат. Росонерите се сигурни дека освојувачот на Златната топка им дал збор и дека ќе го одржи откако ќе ги заврши настапите во САД.
Фотографија: Принтскрин