Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Лука Модриќ не ја криеше разочараноста откако Милан не успеа на домашен терен да ја совлада Пиза. Призна дека за пуштената победа самите играчи се единствено виновни. Хрватскиот играч беше самокритичен по натпреварот во кој се очекуваше сигурна победа.
Пред натпреварот на Сан Сиро во петок вечер, задачата на Милан беше јасна: да ја победат екипата која оваа сезона уште не знае за победа и така да го обезбедат првото место на табелата барем една недела и со мир да ги следат останатите резултати од колото.
Модриќ по последниот свиреж за Sky ги изрази своите фрустрации поради изгубеното водство против последно пласираната екипа на лигата.
“Очекувавме ваков натпревар, дојдоа да се бранат и да ни го отежнат животот. Само е наша вина што не победивме, не направивме доволно за да ја добиеме играта. Денес загубивме два важни бода. Овие домашни натпревари, со сето почитување кон Пиза, мора да ги победиѕ”, рече Модриќ.















