Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Хрватскиот фудбалски ас, Лука Модриќ, објави дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид. Во тој клуб оставил значителна трага и станал еден од најуспешните играчи во историјата на „кралскиот клуб“.
Новината предизвика бројни коментари во светските медиуми. Според информации од Шпанија, Ал Хилал и Ал Наср од Саудиска Арабија се издвојуваат како најсериозни кандидати за негов ангажман.
Иако Модриќ има 39 години, не планира да ја заврши активната кариера. Токму спротивното, се подготвува за нови предизвици, при што веќе добил атрактивни понуди од финансиски моќните клубови во Блискиот Исток.
Фото: Принтскрин