Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид славеше против Селта виго со 2-1 со головите на Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор, но натпреварот ќе се памети по Хрватот Лука Модриќ.
Модриќ испиша историја во шпанскиот гигант, односно стана највозрасниот фудбалер што настапил за „кралевите“ и така го надмина Ференц Пушкаш.
Хрватот со 39 години и 40 дена стигна до рекордот, а по натпреварот му се поклони дури и тренерот Карло Анчелоти.
„Победивме благодарение на одличната игра на Модриќ. Тој има квалитет и секогаш го покажува на теренот. Сè што може да се каже за него е дека е фантастичен професионалец и голем човек“, кажа Анчелоти.
LUKA MODRIĆ WITH AN ASSIST AGAIN!pic.twitter.com/0hFNb7DvoA
— Croatian Football (@CroatiaFooty) October 19, 2024