Модриќ му дал животен совет на Ѓулер


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Турскиот талент Арда Ѓулер трпеливо ги чека своите „пет минути“ во Реал Мадрид, а се очекува во иднина да биде еден од носителите на играта на „кралевите“.

Реал минатото лето плати 20 милиони евра за турскиот репрезентативец, а дебитираше дури на почетокот на 2024 година.

Турчинот има среќа што соработува со еден од најдобрите фудбалери во светот, а тоа е Лука Модриќ од кој може да научи многу работи.

Хрватот се обидува од Ѓулер да создаде голем фудбалер, а „Дефенса Сентрал“ пишува дека Модриќ му дал важен совет.

„Мораш да играш со два допири, најмногу, важно е да имаш слобода на теренот, да асистираш и да шутираш“, му кажал Модриќ на Ѓулер.