Модриќ шутираше шишиња, а Анчелоти се правеше „наудрен“ (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ се врати на терените, но не беше среќен поради замената на мечот против Бетис (1-1).

По голот на Бетис за 1-1, тренерот Карло Анчелоти го замени Модриќ кој се налути и почна да шутира шишиња.

Оваа реакција на Модриќ е резултат на неочекуваниот потег на италијанскиот тренер кој се правда дека не ја видел ситуацијата.

„Не ја видов ситуацијата, не знам дали Модриќ бил нервозен. Ќе кажам дека ова е добар натпревар за двете страни. Примивме гол кога имавме сè под контрола, но Бетис заслужи да избегне пораз“, вели Анчелоти.