Модриќ со неверојатен потег во соблекувалната на Реал ги воодушеви навивачите (ВИДЕО)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид во неделата со многу мака и комбиниран состав пред својата публика ја победи Уеска со 3-2.

Уеска беше на чекор до огромно изненадување и можеше барем со бод да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, но на крајот тоа не се случи.

„Кралевите“ ја грабнаа победата во 89. Минута од мечот, кога одличен погодок постигна напаѓачот Карим Бензема, кој ги израдува навивачите, но и неговите соиграчи.

Бензема доби честитки од многу соиграчи, а многумина ги воодушеви и потегот на Лука Модриќ, кој му се „поклони“ на Французинот по мечот.