Модринка под окото на фудбалер на Ливерпул: Ако се прашувате од каде ми е, ова е одговорот! 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Енди Робертсон имаше пред неколку дена бурен натпревар против Тотенхем.

Одличниот лев бек постигна гол и асистираше во натпреварот кој заврши 2-2, но исто така беше исклучен поради опасен старт.

Робертсон водеше војна против ривалите на теренот, а натпреварот го заврши со модринка под око, па тој вчера на социјалните мрежи имаше интересна објава за тие кои се прашувале зошто е повреден.

„За сите кои ме прашуваат за окото. Ова би можело да помогне“, напиша Робертсон со фотографија на која добива удар со копачка од Емерсон Ројал.