Моисе Кин може да биде совршено решение за Рома


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот италијански напаѓач Моисе Кин летово го напушти Јувентус и одлучи својата кариера да ја продолжи во Евертон.

Клубот од Гудисон Парк за овој 19 годишен фудбалер издвои дури 33 милиони евра, но се воспостави дека тоа е големо промашување. Кин никако не започна да игра во своето вистинско светло, а со своето однесување само си ја отежнува ситуацијата на самиот себеси.

Веќе два пати е казнуван поради доцнење на тренинзите, и со тоа го изгуби местото во првиот тим на Евертон. Италијанските медиуми пренесуваат дека после само шест месеци можно е да го напушти тимот на Евертон и да се врати на Апенините.

Corriere Dello Sport утринава објави дека Кин е на мета на Рома која под итно мора да најде напаѓач во јануари. Един Џеко е единствен напаѓач во Рома во моментот после повредата на Никола Калиниќ.

Волчицата нема резервна опција за Џеко, но сметаат дека Кин може да биде идеалното решение. Рома ќе проба да го доведе Кин на позајмица до крајот на сезоната со опција на лето да го откупат неговиот договор.