Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Светот не може да се помири со фактот дека повеќе го нема еден од најголемите кошаркари во историјата, Коби Брајант, кој почина на 26 јануари во хеликоптерски пад, во кој беа уште и неговата 13-годишна ќерка Џина и уште седум лица.
Вчера беа објавени првите резултати од истрагата, како и дека комеморацијата на Коби и ќерка му ќе биде одржана на 24 февруари во „Стејплс центарот“.
На интернет се појави и снимка на која може да се види како Коби ѝ помага на малата Џина да го постигне својот прв кош во животот.
Џина Брајант, како и татко ѝ, беше талентирана за кошарка, па многумина ѝ предвидуваа голема кариера, но за жал таа го загуби животот на 26 јануари.