Монтела го состави списпокот на засилувања, како ќе изгледа Милан?


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Галијани работи на создавање нов тим додека се во тек преговорите со Кинезите. Новиот тренер кој за три дена и официјално ќе биде преставен има јасна визија. Ова се неговите желби.

Виченцо Монтела сака да доведе неколку млади играчи, но и да создаде тим кој е способен да се бори за Лигата на шампионите. Се очекува Милан да игра во формација 4-3-1-2.

До сега Милан го доведе напаѓачот од Пескара, Лападула, кој блескаше во Серија Б, но навивачите се сомневаат во неговите квалитети, тие сакаат големи имиња. Галијани веројано ќе продаде еден од Бака и Адријано, додека Нианг би можел да остане.

Во случај да заминат странци, Паволети од Џенова би можел да биде решение во нападот, наводно целта на Берлускони е да има што повеќе италијанци во тимот.
Неизвесна е ситуацијата со Менез, во офанзивниот дел се чека Франко Васкез од Палермо, “Ел Мундо” пишува дека е блиску до “Росонерите”, иако Монтела го сака и талентираниот Пјаца кој е мета и на Јувентус.

Во средниот ред единствен кој е сигурен е Монтоливо, Галијани го сака Зелински, но за Пољакот ќе мора да водат борба со Наполи и Ливерпул. Монтела на листата ги додаде и “своите” Бадељ и Мати Фернандез од Фиорентина, но прашање е дали Тосканците ќе сакаат да сорабтуваат со Милан.
Кога во прашање Ковачиќ. тој е прескап. Реал бара 28 милиони евра, а колку што е сега познато не се расположени да го дадат на позајмица. Во средниот ред покрај Монтоливо би требало да остане и Бертолачи.

Во одбраната, Де Шиљо после настапите на ЕП би можел да биде незаменлив, иако во зимскиот преоден рок беше на чекор од Јувентус. Ромањоли е лидер во одрбаната, Милан сака искусен дефанзивец кој би му правел друштво на споменатиот Ромањоли. Идејата е Арбелоа од Реал.

Во секој случај веројатно звучни трансфери нема да има и во случај ако Кинезите го купат италијанскиот клуб, тие се спремни да платат колку што е потребно за сериозни фудбалери, но голем проблем е тоа што “Росонерите” нема да играат во Лигата на шампионите.