Монтела започна: Ќе играме 4-3-3! Европа е наша обврска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот тренер на Милан, Винчецо Монтела изјави дека главна цел на клубот ќе биде негово враќање на европската сцена.

Поранешниот италијански репрезентативец на претставувањето најави дека “Росонерите” ќе играат офанзивно во формација 4-3-3.

“Клубот ги знае моите идеи, а и играчите ги слушнаа. Милам мора да игра во Европа, барем во Лигата на Европа. Морам да се прилагодам на тимот кој го имам на располагање. Така беше и во Фиорентина, започнав без ништо, но на крајот направив нешто”- изјави Монтела.

Монтела истакна дека е неприфатливо седумкратниот освојувач на Лигата на шампионите да не игра во европските натпреварувања.

“Свесен сум за одговорнста и фокусиран сум на работата. Амбициите се наредната сезона да се вратиме”- додаде поранешниот тренер на Рома и Сампдорија.

Монтела во текот на неговата тренерска кариера ги водеше Катанија, Фиорентина и Сампдорија.