Мората ги шокираше англиските клубови!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нема ова баш лесно да оди со шпанскиот фудбалер.

Додека се чека одлуката на Реал Мадрид (до 15 јули) можат да го откупат од Јувентус за 30 милиони евра, Алваро Мората е со Шпанија на ЕВРО, а неговиот агент веќе преговара со клубови од ПЛ.

Се претпоставува дека нема да се задржи во Реал, бара нов клуб, за Мората најзаинтересирани се Арсенал и Челси. Венгер ќе купува некој напаѓач, додека Антонио Конте планира да игра со два шпица, па сака Мората да го приклучи на Диего Коста.

Во секој случај, англиските тимови ќе останат изненади од барањата на Алваро Мората.

Неговиот менаџер соопшти дека младиот напаѓач бара 8 милиони евра сезона.

Моментално во Јуве игра за околу 2.5 милиони и тоа му го подобрија договорот на минатата сезона, сега е јасно дека сака добро да ги наплати партиите и интересот од Премиер лигата.

Само, прашање е дали толму може да добие, иако ако Арсенал или Челси платат колку што се очекува, јасно е дека и тоа ќе влијае на висината на платата.